Водата и здравјето

Водата е основна состојка на сите телесни течности, вклучувајќи ги крвта, лимфата, плунката, секретот од жлездите и течноста на ‘рбетниот мозок. Водата сочинува 92% од крвта и цереброспиналната течност, 98% од соковите во цревата, желудникот, панкреасот и плунка. Водата има важна улога во сите процеси на нашето тело: Доволната количина на водата во организмот го намалува…

Водата и здравјето

Водата е основна состојка на сите телесни течности, вклучувајќи ги крвта, лимфата, плунката, секретот од жлездите и течноста на ‘рбетниот мозок. Водата сочинува 92% од крвта и цереброспиналната течност, 98% од соковите во цревата, желудникот, панкреасот и плунка.

Водата има важна улога во сите процеси на нашето тело:

  • ги подмачкува органите и ткивата
  • помага во прочистувањето на бубрезите при ослободување на штетните материи
  • помага во ураметежувањето на електролитите во нашето тело,
    кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок
  • ги влажни очите, устата и носните патишта
  • ја регулира телесната температура
  • ја влажни кожата
  • ги храни зглобовите, коските и мускулите
  • пренесува хранливи материи на виталните органи

Доволната количина на водата во организмот го намалува задржувањето на отпадните материи и токсини, ја подобрува функцијата на хормоните и жлездите, го ослободува црниот дроб на вишокот на масти и го намалува гладот.

Човекот може да живее без храна еден месец, но без вода најмногу седум дена.