Водата е едно од најбитните соединенија во природата. Околу 70% од површината на Земјата е покриено со вода што игра голема улога во формирањето на климата и рељфот (преку процесите на ерозија и други процеси).

Водата гради 50 – 90 % од тежината на на секој жив организам, од што следува дека водата го одржува растителниот, животинскиот и човечкиот живот на Земјата. Исто така водата е една од најважните индустриски суровини и е незаменлива е за повеќето технолошки процеси. Од вкупната вода на Земјата само 3% е слатка вода, а голем дел од тоа е мраз.
Иако ресурсите на вода за пиење засега се доволни за сите потреби на планетата (за луѓето и другите живи организми), сепак милијарда луѓе страдаат од жед, а во многу области владее суша. За ова, постојат многу причини од кои две се основни: нееднаква распределба на врнежи и на природните ресурси на водата и поделбата на човечкото општество на богати и сиромашни т.е. развиени и неразвиени. Човечкото општество мора сериозно да работи на прашањето за вода за пиење (и вода на Земјата воопшто), затоа што во спротивно следните педесетина години ќе влезе во катастрофална криза со несогледливи последици. Проблемот е глобален и треба глобално да се реши, но тоа не значи само на ниво на светската заедница, туку на сите нивоа – од поединци, домаќинства, училишта, локални заедници и држави до Обединетите нации. Македонија во сето ова има свое место и мора да понесе својот дел од одговорноста.
