Водата е главен составен дел на човечкото тело, бидејќи околу 60% од телесна тежина на возрасните луѓе се должи на водата. Овој процент на вода варира во зависност од возраста, полот и структурата на телото. Кај доенчињата и децата процентот на водата е повисок отколку кај возрасните.
Со оглед на големиот процент на вода во телото на човекот, не изненадува тоа што водата игра исклучително важна улога во голем број на критични функции на телото. Водата, како витална хранлива материја за животот на секоја клетка, делува првично како градежен материјал. Таа, исто така ја регулира нашата внатрешна телесна температура, помага за пренесување на хранливите материи и други основни елементи до нашите клетки, помага во исфрлање на непотребните материи воглавно преку урината, ги подмачкува зглобовите, формира плунката и делува како амортизер за мозокот, ‘рбетниот мозок и фетусот.
Без вода луѓето не можат да живеат подолго од три до пет дена.
Водата е составен дел на сите наши клетки, ткива и органи.Деловите од телото, исто така, се разликуваат во однос на содржината на вода. Водата е од суштинско значење за одржување на правилна хидрација на нашите тела.


