Проценките се разликуваат, но секој човек користи околу 80-100 литри вода на ден. Дали сте изненадени што најмногу се користи вода за плакнење на тоалетот, а потоа, за туширање и капење? Затоа, во последно време се користат тоалети и тушеви што трошат помалку вода отколку порано.
Вообичаено користење на вода во домот
Капење | „Полна када“, просечно 136 литри |
Туширање | Старите типови на тушеви трошат 19 литри вода во минута. Тушевите што штедат вода користат 7,6 литри во минута. |
Миење на заби | Старите типови на чешми трошат 7,6 литри вода во минута. Новите чешми што штедат вода трошат 3,8 литри во минута. . |
Миење на раце/лице | 3,8 литри |
Бричење лице/нозе | 3,8 литри |
Машина за садови | Новите машини што штедат енергија 23 литри. Старите 60,6 литри |
Рачно миење на садови | Околу 30-102 литри. Новите чешми трошат 5,7 – 7,6 литри вода во минута. |
Перење на алишта | 95 литри/едно перење за новите машини. Старите машини трошат околу 150 литри на едно перење. |
Плакнење на тоалет | Просечно 11 литри. Новите тоалети трошат 6 литри за едно плакнење, старите околу 15 литри на едно плакнење. |
Една чаша вода за пиење | 250 ml (забележете дека се троши вода и за готвење). |
Наводнување во градина | 7,6 литри во минута. |