Глобална состојба на водата

Според СЗО (Светска здравствена организација) основен пристап до вода значи дека изворот е оддалечен помалку од 1 километар од домот на корисникот (20 минути) и дека е можно со сигурност секој член на домаќинството да добие најмалку 20 литри на ден. Во основниот пристап на вода вклучена е потребата на вода за пиење и лична…

Глобална состојба на водата

Според СЗО (Светска здравствена организација) основен пристап до вода значи дека изворот е оддалечен помалку од 1 километар од домот на корисникот (20 минути) и дека е можно со сигурност секој член на домаќинството да добие најмалку 20 литри на ден.

Во основниот пристап на вода вклучена е потребата на вода за пиење и лична хигиена, но не и водата за перење и капење што има негативни последици по здравјето на луѓето.

Просечен пристап до вода е кога луѓето имаат пристап до 50 литри на ден по човек, на растојание помало од 100 метри или 5 минути. Ова ниво на пристап покрај водата за основни потреби ја опфатена и водата за перење и капење.
Оптимален пристап е кога луѓето имаат пристап до 100 литри на ден по човек, со константно снабдување од повеќе чешми и задоволување на сите потреби.

Еден од девет луѓе во светот – 783 милиони немаат просечен пристап до овој износ на вода.

Еден од три луѓе во светот – 2.5 милијарди немаат адеквантен пристап до тоалет, а една милијарда луѓе воопшто нема тоалет туку користи отворен простор
Повеќе луѓе имаат мобилен телефон отколку тоалет.
Според Обединетите Нации секои две минути умира едно дете од болести поврзани со водата – недостапност на чиста вода за пиење.
На почетокот на 21. век нечистата вода е вториот најголем убиец на децата во светот.

Очекуваниот раст на населението (8,1 милијарди луѓе до 2025 година), со висока концентрација во градовите, заедно со последиците од климатските промени, се заканува да ги зголеми социјални немири ако веднаш не се преземат чекори за поддршка на пристап до вода за целото население.
Има ли решение? Решение за проблемот главно се наоѓа во менување на нашиот личен однос кон водата како општо добро неопходно за човечкиот живот и сите живи нешта на нашата планета. Здравиот разум диктира дека водата треба да се штеди. Меѓутоа за таква промена потребно е менување и на глобалниот систем на вредности. Треба да се промени однос кон водата за пиење и другите води на планетата – како одделно добро кое треба да се извлече од профитабилните односи. Без сомнение, водата е извор на живот, но е ограничена во однос на количина и рок на траење. Затоа, водата не треба да биде извор на збогатување на сметка на страдањата и смртта на милиони луѓе кои се лишени од тој нужен елемент за самоодржување. Само со менување на општиот општествен однос кон водата како заедничко и еднакво за сите добро, може да се промени и управувањето со водата. Треба да се намали неразумното трошење на водата и да се зачува од сите видови на загадување. Водата е најдобар пример за неодржливоста на целиот економски систем денес и верувањето дека само профитот е единствената мерка.
Колку е поголем бројот на жедни и на оние кои не можат да ги задоволат своите основни потреби, толку е помал бројот на купувачи за стоките на најбогатите. Наместо на проширување и т.н. развој, природата сè погласно предупредува дека постојат граници на развој кои многумина не ги земале во предвид. Финансиска криза денес ги откри деструктивните ефекти на берзата. Без нови производи прилагодени на барањата за одржливост, едноставно нема нагорни трендови. Ова важи за сите гранки на индустријата, земјоделството, сточарството – и здравјето на целото човештво.