Чувството на жед не е сигурен сигнал дека на нашето тело му треба вода. Жедта укажува на тоа дека нашиот организам веќе е дехидриран. Исто така чувството на жед престанува пред нашиот организам да ја прими потребната количина на вода. Затоа неопходно е да се обрне внимание на количината на вода која ја пиеме секој ден.
Секој ден ние внесуваме вода со пиење и јадење. Исто така секојдневно губиме вода преку различни процеси, потење, дишење, мокрење и дефекација. Количеството на вода кое го внесуваме во нашите тела треба да биде еднаково на количеството на вода која што ја губиме. Одржувањето на рамнотежа на водата во нашите тела ни помага за одржување на физичката и менталната состојба. Ако се наруши оваа рамнотежа може да дојде до дехидрација со благи до сериозни несакани ефекти. Просечно возрасните губат 2,5l/ден. Повеќе вода губиме при вежбање или кога сме изложени на високи температури. Оваа загуба на вода се надополнува со пиење пијалаци и земање на храна.

Се смета дека минималната дневна количина на вода кај возрасните луѓе кои не се многу активни физички е 20-25 gr на килограм телесна тежина. Тоа значи дека човек со телесна тежина од 75 килограми треба минимално дневно да прими 1500 – 1875 gr (1,5 – 1,9 литри) вода.
Водата бавно продира во нашите клетки па затоа треба да се пие во мали голтки, во текот на целиот ден.