Водениот циклус (кружното движење на водата) е процес кој го опишува постојаниот кружен тек на вода во Земјата и нејзината атмосфера. Водата патува низ земјата и атмосферата во три различни агрегатни состојби: цврста (мраз), течност (вода), и гас (пареа). Постојаното кружно движење на водата се одвива преку процесот на размена: испарување, транспирација, кондензација, врнежи и течење.

Експеримент „Модел на воден циклус“
Потребен материјал:
1. Чиста пластична кутија со капак (со големина на кутија за чевли)
2. 100 ml вода
3. Ламба за загревање
4. Пластична кеса со мраз
5. Индикатори за испитување на pH на водата
6. Боја за храна што се користи во домаќинството, на пример за колачи

Постапка
1. Подигнете ја кутијата со помош на книга на 30 степени
2 Ставете 100 ml вода во кутијата
3. Ставете ја ламбата над понискиот дел од кутијата и насочете ја така што ќе ја загрева водата.
4. Ставете кеса со мраз на повисокиот дел од кутијата како што е прикажано на сликата.
5. Набљудувајте ја кутијата околу 5 минути. Кружниот тек на водата почнува кога капки вода ќе почнат да капат од капакот назад во кутијата. Кога циклусот на водата ќе започне додадете прехранбена боја (контаминирани материи во системот).
Обидете се да објасните!
Што се случува со боја во циклусот на водата која кружи?