Кисели дождови

Киселите дождови се формираат во атмосферата преку сложени процеси на хемиски реакции. Двата најважни загадувачи кои учествуваат во формирање на кисели дождови се сулфур диоксид и азотните оксиди, кои реагираат со влагата во атмосферата и формираат киселини. SO2 реагира со водената пареа и гради сулфурна киселина H2SO4.NO2 реагира со водената пареа и гради азотна киселина HNO3. Киселите…

Кисели дождови

Киселите дождови се формираат во атмосферата преку сложени процеси на хемиски реакции. Двата најважни загадувачи кои учествуваат во формирање на кисели дождови се сулфур диоксид и азотните оксиди, кои реагираат со влагата во атмосферата и формираат киселини.

SO2 реагира со водената пареа и гради сулфурна киселина H2SO4.
NO2 реагира со водената пареа и гради азотна киселина HNO3.

Киселите дождови се една од главните причини за смрт на шумите и главен извор на загадување на животната средина. Сулфурната киселина, на пример, има негативен ефект особено врз растенијата, бидејќи го нарушува процесот на фотосинтеза, што резултира со оштетување на листовите и опаѓање на шумата. Осем на растенијата, киселите дождови сериозно ја загадуваат водата драстично намалувајќи ја нејзината pH вредност.


Додека вообичаената pH вредност на дождовите е околу 5,5 дожд, кај киселите дождови pH вредноста е помеѓу 4 и 4.5. Ова значи дека тие содржат околу 40 пати повеќе киселина од вообичаените дождови. Значително намалување на pH води кон исчезнување на микроорганизмите, а исто така се јавува и проблемот со недостиг на вода за пиење.
Загадување на водата е најголемиот проблем. Загадување на воздухот со киселите дождови се пренесува на земјата и се влева во површинските и подземните водни текови. Киселите дождови се една од главните причини за намалување на водата за пиење во светот, и како таков претставува сериозен проблем.


Киселите дождови кај луѓето можат да предизвикаат респираторни проблеми, особено кај оние што страдаат од астма.
Главните причини за киселите дождови се термоелектраните, чадот како резултат од затоплувањето и издувните гасови кои се генерираат во сообраќајот. Киселите дождови обично предизвикуваат штета далеку од местото каде што се создаваат.


Слабата киселина во дождовницата може да го нагризе варовникот на зградите и статуите, бидејќи тој има базен состав. По некое време, киселите дождови полека ги трујат езерата и водотеците, со што го загрозуваат живиот свет во тие краеви. Од оваа причина, луѓето се обидуваат да го намалат износот на отпадните гасови што индустриски развиените земји го испуштаат во воздухот.

Киселите дождови во голема мера негативно влијаат врз живиот и неживиот свет. Затоа, треба да се влијае во насока на намалување на компонентите кои се наоѓаат во атмосферата, а се составни делови на киселите дождови. Можеби не можеме да влијаеме на компоненти кои се од природно потекло, но можеме на оние што се антропогени (индустријата, транспортот, итн).
Луѓе веројатно не можат да живеат без електрична енергија! Затоа јаглен ќе продолжи да се гори. Исто така, електрична енергија постојано ќе се користи прекумерно.
Размислувајте на овој начин: секој пат кога ќе ја вклучите сијалицата или телевизорот без вистински да има потреба за тоа, вие индиректно придонесуваат во проблемот со киселите дождови .

Киселите дождови со рекордно ниско pH 2.1 паднале во САД во 1964 година. Во 1974 година, Шкотска ја погодил сличен проблем со киселите дождови со pH вредност од 2,4.