Вода од шише

Водата од шише може да изгледа како добро решение, бидејќи водата што се полни во шишиња генерално е со висок квалитет. Но, проблемот создава пакувањето. За жал, зголеменото користење на пластичните ПЕТ шишиња создава непотребни отпад и троши многу енергија, што е голем товар за животната средина. За секој продаден литар вода се трошат три…

Вода од шише

Водата од шише може да изгледа како добро решение, бидејќи водата што се полни во шишиња генерално е со висок квалитет. Но, проблемот создава пакувањето. За жал, зголеменото користење на пластичните ПЕТ шишиња создава непотребни отпад и троши многу енергија, што е голем товар за животната средина. За секој продаден литар вода се трошат три литри вода за неговото производство. Кога се зборува за квалитетот на водата во шишиња, како еден од главните проблеми на кој укажуваат експертите е исправноста на пластичната амбалажа во која се пакува водата. Бидејќи водата во шишиња се чува долго време и често на висока температура (во магацини, за време на транспортот, во нашите домови), се смета дека овие води се изложени на бактерии и хемикалии кои можат многу негативно да влијаат врз човековото здравје.

Исто така може да дојде и до ослободување на отровите од пластиката. Затоа, водата во стаклени шишиња е одлична.
Квалитетот на водата за пиење во шишиња, зависи од квалитетот на неговите ресурси, технологијата на полнење и дезинфекција, квалитетот на опремата за третман на водата и системот за дистрибуција на шишињата. Водата во шишиња се поврзува со здрав начин на живот, но не е докажано дека е поздрава. Не постои научен доказ кој вели дека водата од шише е поздрава од водата од чешма. Еден од недостатоците на водата од шише е висока цена.