Завршниот настан за проектот „Чиста вода за здрав свет“ одржан е на 17.03.2017год. во ООУ „Владо Тасевски“, спроти светскиот ден на водите 22.03. прогласен од Обединетие Нации.
На завршниот настан оргаризиран е квиз на кој екипи од петте училишта вклучени во проектот се натпреваруваа на темите вклучени во проектот. Секое училиште беше застапено со екипа во која беа вклучени три ученици.
Најмногу поени на квизот освои екипата на ООУ „Јан Амос Коменски“. На секој ученик од победничката екипа доделена е награда – безжична тастатура со безжично глувче. ООУ „Јан Амос Коменски“ чија екипа победи на квизот наградено е со две штедливи Армалови чешми.На завршниот настан организирана е и ликовна работилница на која претставници од петте училишта вклучени во проектот твореа на тема „Секоја капка чини“.Сите ученици кои земаа учество во завршниот настан наградени се со чаша и маица на кои е отпечатен плакатот на проектот.













